13 милиони патници минале низ северните гранични премини годинава

Сподели со своите пријатели

Вкупно 13 милиони патници минале низ северните гранични премини на Македонија годинава, а најфрекфентни гранични премини биле Табановце и Долно Блаце.

Loading...

Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на посетата на СВР Куманово, каде оствари средба и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Север, чиешто седиште е во Куманово.

Целта на средбата, како што истакна министерот, е брифирање за резултатите од постапувањата на полициските службеници од оваа организациска единица.

– Во периодот јануари – ноември 2023 година, протокот на патници изнесува околу 13 милиони лица, што претставува тренд на зголемување во однос на лани за 14,4 %, а најфреквентни гранични премини се Табановце и Долно Блаце, изјави Спасовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

 

 

Според Спасовски, од страна на РЦ Север е евидентиран зголемен број на откриени кривични дела за фалсификувани документи.

Loading...

– Во однос на кривичните дела, Регионалниот центар за гранични работи Север во изминатиот период бележи зголемување на откриените кривични дела во врска со фалсификувани документи за 19%, меѓу кои 10 случаи на фалсификувано возило, како и 15 кои се предмет на потрага по барање на Интерпол”, истакна министерот Спасовски.

На северната граница на Македонија се забележува намален трнд на притисокот од нелегалната миграција, истакна Спасовски.

– Имаме намалување на обидите за 40,8%, а имаме зголемување на ефикасноста во врска со откриените случаи на криумчарење на мигранти за 66,7%, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Завршени повеќе инфраструктурни проекти за училишта во Куманово (ВИДЕО)

Годинава, додава Спасовски, биле одземени 100 кубни метри дрво кои потекнувале од нелегална сеча, што е зголемување на откриениот ваков криминал за 10,4 отсто.

Во првите десет месеци годинава, граничната полиција спровела 191 заедничка патрола со колегите од Србија и Косово.

Никола Ивановски