13 години без дозвола работел како пилот: Превезел над милион патници!

Сподели со своите пријатели

Швеѓанецот Томас Салве летал со патници веќе 13 години како пилот, користејќи лажна дозвола.

Loading...

Никој не се сомневал во неговите летечки способности, а тој успеал да ги измами авиокомпаниите, колегите, семејството и пријателите.

Сè било откриено дури во 2010 година кога холандските власти го уапсиле на аеродромот во Амстердам, додека се подготвувал да лета за Анкара со 101 патник.

Оваа неверојатна приказна и денес е тема на многу разговори во авијацијата.

Лажна дозвола и апсење

Салме започнал како копилот, а потоа се искачил на позицијата капетан, цело време додека летал со лажна пилотска дозвола.

Иако претходно имал само дозвола за управување со помали авиони, тој успеал да управува со патнички авиони користејќи лажна дозвола.

Кога конечно бил уапсен, тој признал се во едно интервју, откривајќи ги деталите за неговата измама.

Невообичаена приказна за фалсификување лиценца

Томас Салме признал дека сам го изработил лажниот сертификат кој немал ниту печати, ниту пак бил заверен.

Loading...

Сепак, тој успеал да ги измами властите во различни земји, користејќи различни приказни и објаснувања.

Тој дури и самоуверено изјавил дека „летал како бог“ и дека успеал да помине благодарение на „големата уста, лажен сертификат и многу среќа и умешност“.

Сон за летање

Салме сонувал да лета уште од детството, инспириран од честите посети на аеродромот со неговиот татко, кој бил аматер фотограф.

Тој израснал во предградијата на Стокхолм, каде што развил љубов кон воздухопловството и одлучил да стане пилот.

Иако се мачел на училиште, неговата страст за летање го мотивирала да ги научи правилата на цивилната авијација и да вежба летање на компјутерски симулатор за летање.