13 апликации за Ноемвриска награда, но неизвесно е дали воопшто ќе се додели

Сподели со своите пријатели

Вкупно 13 апликации биле поднесени до Комисијата за доделување награди и признанија и одбележување празници и манифестации за највисокото признание од Општина Куманово, Ноемвриската награда која секоја година се доделува на истакнати поединци или правни лица, за одредени достигнувања во градот.

Меѓутоа, овогодинешното доделување засега останува под знак прашалник затоа што со доцнењето на конститутивната седница се уште не е формирана комисијата која треба да одлучи по поднесените апликации.

Како што изјави градоначалникот Димитриевски тоа е одлука на Советот, но тој ќе додели градоначалникчка награда.

– Имаме 13 апликации кои имаат уредно поднесено Ноемвриска награда но доделувањето е во рамките на Советот и во овластувањата на Советот на општина Куманово јас како градоначалник не можам да влијам  на одлуките на Советот. Веројатно ќе бидете известени дека конститутивната седница ќе се одржи оваа недела и доколку постојат временски можности со задово9лство советот ќе донесе одлука да избере некој од кандиадтите, но во секој случај јас како градоначланик ќе го искористам моето право да доделам одредени признанија на одредени граѓани, здруженија на граѓани и слично во она што значи традиционално одбележување на денот на градот, изјави Димитриевски.

Минатата година беа доделени вкупно осум Ноемвриски награди.