126 луѓе загинаа во земјотресот на Тибет: Над 400 досега се спасени од урнатините

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 400 луѓе се спасени од урнатините по силниот земјотрес што го погоди Тибет, но непознат број луѓе се уште се водат како исчезнати, соопштија денеска кинеските власти.

Loading...

Според досега расположливите податоци, 126 лица загинаа, а 188 се повредени во земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина, јави кинеската државна телевизија CCTV, пренесе Ројтерс.

Температурите во регионот на висока надморска височина паднаа до минус 18 степени целзиусови во текот на ноќта, што го зголеми притисокот врз спасувачите кои бараат преживеани во област со големина на Камбоџа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мистерија: Две млади девојки исчезнаа во Англија. Една пронајдена мртва. Другата се бара...

Луѓето кои се заробени под урнатините или оние без засолниште се изложени на ризик од брза хипотермија, а експертите проценуваат дека можат да преживеат на толку ниски температури само пет до десет часа, дури и ако не се повредени.

Епицентарот на земјотресот вчера ја погоди областа Тингри во кинески Тибет, на околу 80 километри северно од Монт Еверест, највисоката планина во светот, а се почувствува и во соседните Непал, Бутан и Индија.

Според досега познатите податоци, најмалку 126 лица загинале, а 188 се повредени во земјотресот на Тибет, додека смртни случаи имало и во Непал и другите околни земји.

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трудо ја отфрли заканата на Трамп за припојување на Канада кон САД со економска сила

Според првичните информации, земјотресот уништил 3.609 куќи во тибетскиот регион Шигатсе, каде живеат 800.000 луѓе, јавија кинеските државни медиуми, повикувајќи се на локални власти.

Над 1.800 спасувачки персонал и 1.600 војници се испратени во регионот погоден од земјотресот.

Регистрирани се уште 515 земјотреси

Кинеските сеизмолози регистрирале 515 последователни потреси по силен земјотрес што го погоди Тибет, соопшти Кинескиот центар за земјотреси.

Во соопштението се наведува дека магнитудата од 488 земјотреси била под три степени, додека 27 биле над тој интензитет, вклучително и три земјотреси од четири до 4,9 степени според Рихтеровата скала.