Вкупно 125 казни изрекла полицијата во Куманово викендов на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.
– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 125 возачи, информираат од полицијата.
Најголем дел од казните, или 115, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
– 4 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 4 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила, се додава.
Сообраќајните контроли, како што потенцираат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Никола Ивановски