120 крвни единици собрани на акцијата во Гимназија „Гоце Делчев“

Сподели со своите пријатели

Вкупно 49 средношколци од Гимназија „Гоце Делчев“ денеска даруваа крв во рамките на продолжението на акцијата од 22ри месецов.

Освен матурантите, денеска крв дарувале и двајца ученици од трета година.

На акцијата биле пријавени вкупно 80 ученици.

Заедно со првиот дел од акцијата организирана во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, собрани се вкупно 120 крвни единици.

Leave a Reply