Над 120 гости кои во еден град на северозападот на Шпанија прославувале крштевка, одеднаш избегале од ресторанот и притоа не платиле ништо, рекол сопственикот.
Романските гости, кои платиле депозит од 900 евра, групно избегале од ресторанот „Ел Кармен“ во Бембибре, во момент кога требало да биде послужен десертот, рекол сопственикот Антонио Родригез, а пренесува ВВС.
Тоа се случи во еден момент. Тоа е нешто што го планирале и сите истрчаа како во стампедо – рекол Родригез.
Гоститите јаделе предјадење, главо јадење, испиле 30 шишиња разни пијалоци, а останале должни 2.000 евра. Сопственикот на полицијата изнел детали за разервацијата, но смета дека нема многу надеж дека долгот ќе му биде платен.
Полицијата во изјвата за шпанскиот веснки „Паис“ навела дека се уште не успеале да пронајдат ниту еден од избеганите гости.
Loading...