Рано утринава во 05.15 часот телефонски во ЕИК се јавил Б.С. (20) од село Арачиново, скопско и пријавил дека три непознати маскирани лица извршиле разбојништво во куќата на неговиот татко.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сторителите влегле преку незаклучената врата и отишле во спалната соба во која спиел неговиот татко И.С. (45), го разбудиле со закана со пиштол, по што отишле во собата каде што спиел Б.С. и од под креветот одзеле актовка во која имало 120.000 евра заедно со документ дека се подигнати од банка.
Парите потекнувале од продажба на недвижен имот (нива) од пред два месеци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.