Дванаесет земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција и Германија, побараа од Европската комисија (ЕК) да ги искористи своите овластувања според Законот за дигитални услуги и да го заштити интегритетот на европските избори од странско мешање.
Во писмо до ЕК, министрите за европски прашања на Франција, Германија, Холандија, Белгија, Кипар, Хрватска, Чешка, Данска, Грција, Романија, Словенија и Шпанија побараа од неа да ги исполни своите ветувања за создавање тело на ЕУ за спротивстави на странска манипулација со информации и мешање во изборите, објави Ројтерс, кој имаше пристап до писмото.
„Неодамнешните инциденти бараат итна и обединета акција за заштита на претстојните избори во ЕУ“, се наведува во писмото.
Европските дипломати рекоа дека писмото главно се однесува на мешање на Русија и Кина, но дека има и други случаи.
Парламентарните избори во Германија се закажани за 23 февруари, а формирана е работна група за спречување на сите обиди на странски земји да влијаат на гласањето, пренесува Танјуг.
Во декември, ЕК отвори истрага против ТикТок, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, поради сомневање за мешање во претседателските избори во Романија во ноември.