12 величенствени: Еве како се избрани животните за кинескиот хороскоп

Сподели со своите пријатели

Кинескиот календар е еден од најстарите календари во светот. Неговите почетоци може да се најдат уште во 14 век п.н.е., тој се споменува во изворите уште во 11 век п.н.е., често се споменува во книгите од периодот помеѓу шестиот и четвртиот век п.н.е., а легендата вели дека е измислен од страна на императорот Хуангди, 2637 година п.н.е.

Loading...

 

 

Кинеската астрологија има неколку допирни точки со Сонцето, Месечината или sвездите. За разлика од западниот, тој не го свртува погледот кон небото за да го одреди движењето на соѕвездијата и да направи предвидувања.

За разлика од повеќето други календари, на кинески годините не течат во бесконечна низа – секоја има свое име, а имињата се повторуваат во циклуси од дванаесет години.

 

Loading...

 

Дванаесетте животни во кинескиот календар претставуваат дванаесет земјини години.

Овие животни се: стаорец, вол (бивол), тигар, зајак, змеј, змија, коњ, овца (или коза), мајмун, петел, куче, свиња.

Постои интересна легенда за тоа зошто овие животни се избрани да го претставуваат животниот циклус.

 

 

Некогаш, на почетокот на времето, животните се расправале за тоа кој би имал предност во циклусот на години. За да се стави крај на дебатата, кинеските богови решиле да ја решат со натпревар.

Loading...

Сите животни се наредиле  на брегот на реката каде што требало да пливаат. Редоследот во календарот ќе ги заслужат дванаесетте најбрзи по редоследот по кој ќе пристигнат на другиот брег.

 

 

Мачката се прашувала како ќе премине, кога се плашела од вода и била загрижена за слабиот вид. Лукавиот стаорец предложил тој и мачката да скокаат на грбот на волот и да ги одведе.

И така, тие тргнале на патот … Кога биле близу до другата страна, стаорецот се провлекол зад мачката и ја фрлил во вода. Волот бил упорен и вреден, па не ја забележал гужвата на грбот. Само што стигнал до брегот, стаорецот отскокнал и со тоа прв ја завршил трката.

 

Loading...

 

Останатите животни исто така полека пристигнаувале. Мрзливата свиња пристигнала дванаесетта.

Така првата година била именувана по стаорецот, втората по волот, а свињата ја добила последната година.

 

 

Loading...

Мачката пристигнала предоцна за да добие една година. Таа се заколната дека ќе биде непријател на стаорците (глувци) засекогаш и така започнало легендарното непријателство меѓу овие животни.

Leave a Reply