12 начини да ја разладите собата пред спиење без клима уреди

Сподели со своите пријатели

Водени од фактот дека во најтоплиот дел од годината луѓето често имаат проблеми со сонот, сопственици на една британска фирма која се занимава со производство на кревети спровеле интересна анкета врз основа на која напишале 12 чекори кои можете да ги преземете за да имате поквалитетен сон.

Loading...

Интересно, ниту еден од нив не предвидува купување нов кревет или во спалната соба да имате клима уред.

1. Пуштете воздухот да струи

Поставете го вентилаторот до прозорецот, а потоа отворете ги окната и направете вештачка промаја. Ова направете го непосредно пред да одите на спиење.

2. Користете тенки чаршафи

Обичниот чаршав нека ви послужи како прекривка во врелите летни ноќи. Памукот и ленот се материјали кои и овозможуваат на кожата да дише.

3. Постудена перница

Својата голема мека перница која ја користите во текот на годината сменете ја со некоја помала и поцврста. Раскожните меки перници само ќе ја впиваат топлината.

Loading...

4. Удобноста пред се

Ако спиете облечени, тоа нека биде лесна, памучна маица, по можност на бретели и барем еден број поголема од вашата конфекциска големина.

5. Мокра коса

Оваа метода која зими строго е забранета, лете може да ви биде од помош. Чувството на влага на главата ќе ве разлади за да потонете во сон, а косата поради топлината бргу ќе се исуши.

6. Студен термофор

Наполнете го термофорот или обично пластично шише со ледена вода, ставете ја под себе, па крекријте со тенок чаршаф.

7. Нозете ја разладуваат главата

Пред одење на спиење, држете ги стапалата во сад со студена вода. Акупунктурните точки на стапалата се поврзани со внатрешните органи, па на овој начин ќе го разладите организмот од . внатре.

Loading...

8. Промаја број 2

Пред отворениот прозорец раширете голем влажен чаршаф. Во вашата соба ќе влегува посвеж и постуден воздух.

9. Египетска пижама

Замотајте се во влажен чаршаф и направете „египетска пижама“. Легендата вели дека така древните Египќани се справувале со пустинските топлини.

10. Стратешка храна

Пред спиење никако не е добро да се прејадувате, затоа што тоа го успорува вашиот метаболизам кој дополнително грее. Ако сте гладни, изедете некој помал оброк.

11. Спијте ниско

Спијте на што е можно пониско ниво или дури ставете душек на подот. Што сте пониску тоа ќе ви биде постудено.

Loading...

12. Употребете лежалка за плажа

Подлогите од трска можеби не се многу меки, но се секако студени затоа што овозможуваат проток на воздухот. Подметнете лежалка за плажа од трска под постелината и имајте мирен сон.

Leave a Reply