12-годишно девојче од Куманово паднало од тераса и се здобило со тешки повреди

Сподели со своите пријатели

Вчера во 10.50 часот во СВР-Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека на 01.10.2016 година околу 18.00 часот било донесено дванаесетгодишно девојче од Куманово, кое паднало од прозорец од трети кат од станот каде живее, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По укажаната помош девојчето веднаш било пренесено на Детска хирургија во Ургентен центар Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди (набиен граден кош и фрактура на десна нога). Истата се наоѓа вон животна опасност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.