Американската полиција привела маж кој цели 12 години прогонувал жена која во една прилика во средно училиште му рекла да стави рака на уста кога кашла, пишува Дејли мејл.
Метју крингл (29) од Лос Алтос, Калифорнија наводно направил неколку лажни профили на Фејсбук кои ги користел да испраќа сексуално експлицитни и заканувачки пораки на една жена.
Причината за тоа била што, додека оделе заедно во средно школо, му рекла дека требал да стави рака на уста кога кашла.
Кингл еднаш веќе бил обвинет за прогонување на истата жена, а сега се наоѓа во затвор без одобрена кауција.
– Ова се први празници кои таа ќе ги дочека спокојна и нема да биде во страв, рекол наредник Тим Дал од локалната полициска станица.
Обвинет е за прогонување, кршење на забрана за приоѓање и закани, а полицијата проверува дали имал и други жртви.