12 бизарни факти кои покажуваат дека не знаеме ништо за животот

Сподели со своите пријатели

По толку време поминато на Интернет, сигурно мислите дека ништо повеќе не може да ве изненади. Мислите дека знаете сѐ за пингвините, ноевите, Исак Њутн и пирамидите? Размислете уште еднаш!

Loading...

Следуваат 12 занимливи факти кои сигурно никогаш не сте ги слушнале, а сте верувале во нешто сосема поразлично. Сме живееле во лага толку многу години. Верувајте ни, и ние сме шокирани!

1. Горилата прават гнезда

Тие прават гнезда за спиење на земја или на дрво, зависно од локацијата. Интересен факт: Никогаш не го користат истото гнездо два пати.

2. Во рекламите користат моторно масло наместо мед

Но, има и многу други трикови. Наместо сладолед користат пире од компири, бидејќи не се топи. Наместо млеко користат лепило, а хамбургерите се премачкани со сјај за обувки.

Loading...

Image by StockSnap from Pixabay

3. Малите моркови се моркови со нормална големина исечени на мали парчиња

Ова го осмислил калифорнискиот фармер кој прв ги исекол морковите во 1986 година. Тој се обидувал да го реши проблемот со несовршените моркови и оние кои започнале да гнијат, а народот веднаш ги засакал новите бебиња моркови.

4. Ноевите не ја забодуваат главата во песок

Тоа е оптичка илузија. Кога толку голема птица ќе се наведне за да јаде, таа изгледа како нејзината глава да е закопана во песокот.

Loading...

Image by Stefan Zier from Pixabay

5. Египет не е земја со најмногу пирамиди

Научниците велат дека најмногу пирамиди се наоѓаат во Судан и тоа околу 255, што е двапати повеќе отколку во Египет.

Image by Pete Linforth from Pixabay

6. Јаболкото не паднало на главата на Исак Њутн

Кралското друштво во Лондон го открил оригиналниот Њутнов ракопис во кој ја опишува својата работа, но таму нема докази за инцидентот со јаболкото. Постои само кратка напомена за тоа дека јаболката секогаш паѓаат право на земјата.

Loading...

фото: Википедија

7. Не постојат олимписки златни медали

Последен пат бил доделен вистински златен медал на победникот од 1912 година. Од тогаш, победниците добиваат позлатени сребрени медали. Уделот на злато во медалот е околу 1%.

Image by dan onaca from Pixabay

Loading...

8. Глувците не сакаат кашкавал

Нова студија открила дека глувците сакаат работи со големо ниво на шеќер, како што се житарките и овошјето. Кашкавалот не е нешто што им е достапно во нивното природно опкружување.

Image by Robert-Owen-Wahl from Pixabay

9. Октоберфест се слави во септември

Loading...

Најголемиот фестивал на пивото во светот за прв пат бил одржан на 12 октомври 1810 година. Меѓутоа, луѓето повеќе го сакале благото време во септември, па датумот на фестивалот бил променет, а името му останало исто.

Image by Werner Heiber from Pixabay

10. Дефибрилатор не може да „разбуди“ срце што престанало да чука

Кога срцето пумпа крв неправилно или премногу брзо, дефибрилаторот се користи за воспоставување нормален срцев ритам. Срцето кое престанало може да се стартува само со масажа за срце или кардиопулмонарна реанимација.

Loading...

фото: Википедија

11. Пингвините имаат колена

Густите перја го прекриваат најзанимливиот факт за телото на пингвините: тие имаат колена. Нозете, колената и стапалата со пловните кожички, се поставени зад телото, што им овозможува на пингвините да стојат исправено на земјата.

Image by Markus De Nitto from Pixabay

Loading...

12. Термопластичната лента се користи за обележување на патиштата

Животот на оваа пластика е од 2 до 3 пати подолг од бојата, па токму затоа се користи за одбележување на патните површини. Исто така, многу е лесен и процесот за нанесување.

Leave a Reply