12.000 денари месечно за учество во новите владини програми за обука

Сподели со своите пријатели

На денешната прес-конференција, портпаролката на Владата, Марија Митева, информираше за новиот циклус обуки што ќе се реализираат како дел од Оперативниот план за вработување за 2025 година.

Loading...

Според најавите, мерките се насочени кон поголема вклученост на невработените лица преку стекнување применливи вештини и обуки наменети за различни целни групи.

Митева посочи дека преку мерката „Обуки“ се предвидува да бидат опфатени над 2.000 лица.

Како што изјави, обуките ќе се фокусираат на три главни сегменти: практична обука кај работодавач, стручни обуки за побарувани занимања и обуки за основни и напредни дигитални и јазични вештини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарите стравуваат од воведувањето евро

Во рамки на првата програма, 245 лица ќе бидат вклучени во обука кај конкретен работодавач. Претприемачите ќе обезбедат практична работа, а приоритет ќе имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица.

За време на тримесечната обука, секој учесник ќе добива месечен надоместок од 12.000 денари.

Втората категорија опфаќа 600 лица кои ќе следат обуки за занимања што се актуелни на пазарот, како што се социјални услуги, зелени работни места, трговија и услуги.

И овде е предвидена финансиска поддршка во износ од 12.000 денари месечно.

Loading...

Третиот сегмент се однесува на 720 лица кои ќе имаат можност да посетуваат обуки за компјутерски и јазични вештини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со испит по мајчин јазик започна полагањето на државната матура

Дополнително, 470 лица ќе бидат вклучени во напредни дигитални и ИТ обуки преку лиценцирани програми. По завршувањето, ќе добијат меѓународно признати сертификати.

„Ова не се само обуки, туку шанси за лица кои ја бараат својата прва работа, за жени кои подолго време се надвор од системот, за млади кои сакаат нов почеток, како и за сите кои сакаат да се вклучат во нова економија,“ изјави Митева.

Таа додаде дека Владата ќе продолжи со претставување на мерките од Оперативниот план преку редовни прес-конференции, со цел транспарентно информирање на јавноста.