118 членови на екипаж од руска подморница починале заглевени во метален ковчег, причинате се уште е мистерија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пред 19 години, Сеизмолошкиот завод на Аљаска забележал потрес од 4,2 степени по Рихтер. Тоа бил релативно силен потрес, оној кој ги тресе прозорските стакла и урива слики од ѕидовите. Меѓутоа набргу било јасно дека не станува збор за земјотрес.

Loading...

Неколку илјади километри во водите околу Русија и Финска на руската подморница Курск се случиле две силни експлозии. Што точно се случило и натаму е мистерија.

Подморницата пловела покрај брегот на Русија и Финска и во секунда експлодирала, а потоа потонала со целиот екипаж од 118 луѓе. Што точно се случило на тој 12 август 2000 година останало непознато.

Се верувало дека подморницата носела боеви глави, што дало доста простор за теории на заговори. Најголем број од мрачните мистерии на Курск се поврзани со обидот за прикривање на вистината. Во тоа време, руските власти ги обвиниле САД и Велика Британија дека шпионираат нивни воени вежби, толку близу што тие се забиле во подморницата. Американците, пак, возвратиле дека мора Русите да кријат некое ново смтроносно оружје кое предизвикало таква експлозија.

Седумнаесет години подоцна, според пишувањата на порталот „Ози“, преовладува мислењето дека подморницата Курск сепк не превезувала најмодерно оружје, туку стари подводни ракети наполнети со HTP, супстанца која во педесетите годии од минатиот век била забрането. Во слушај да протече ваквата супстанца на други делови од ракети, доаѓа до брза хемиска реакција која предизвикува смртоносна експлозија.

Тоа според резултатите на службената владина истрага најверојатно се случило и при првата експлозија на Курск, која подморницата ја испратила на морското дно. Следната експлозија, она која ја регистрирал сеизмографот на Аљаска, се случила кога подморницата удрила во морското дно со што ги активирала и другите ракети.

Поголемиот дел од екипажот починале за неколку минути од првата експлозија, но 23 од нив биле живи.

Тие умирале во агонија цели четири часа додека полека останувале без воздух, а подморницата се полнела со вода. Поручникот Димитри Колесникот пред подморницата целосно да ги изгасне светлата успеал на брзина да напише проштална порака.

Loading...

– Целосниот екипаж од деловите шест, седум и осум се пресели во деветиот дел. Тука не има 23. Никој од нас не може да излезе, напишал тој.

Записот, како и порака за неговото семејство, ги пронашле норвешки нуркачи кога од остатокот на подморницата го извлекувале неговото мртво тело.

Во времето кога на Курск се случила несреќата, рускиот претседател Владимир Путин во поечтокот одбивал меѓународна помош што за заробените морнари било кобно.

Меѓутоа ни Русите без причини не одбивале помош од останатите држави при извлекување на новата подморница, затоа што постоела опасност во текот на Студената војна Американците да дојдат во посед на тогаш модерната советска технологија.

Советската подморница К-129 била во составот на советската Пацифичка флота. Тоа била една од шестте стратешки подморници кои биле вооружени со балистички ракети.

Leave a Reply