113 возачи казнети за едно попладне во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 113 возачи казнила полицијата во текот на вчерашниот ден во Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (09.06.2024) во периодот од 14.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на Куманово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, казнети биле 113 возачи, а најголем дел од нив, 43, поради возење без возачка дозвола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезна Станика од кумановско. Семејството бара помош за потрага

Три лица биле казнети поради измината важност на сообраќајната дозвола, додека 26 мерки биле изречени за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл.

– На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од МВР.

Сообраќајните контроли, додаваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски

Loading...