Уште 11 Палестинци починаа од глад во Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број на луѓе кои починале од глад од почетокот на војната во палестинската енклава достигна 300, изјави портпаролот на Обединетите нации Стефан Диџарик.
Диџарик на прес-конференцијата во понеделник изјави дека околу 5.000 луѓе се раселени од северниот Појас Газа во Деир ал-Балах во централниот дел и Кан Јунис на југот од енклавата од 20 август.
Според него, околу 8.000 Палестинци се раселени западно од градот Газа, со што вкупниот број на нови раселени лица од крајот на прекинот на огнот во средината на март достигна повеќе од 800.000, објави „Тајмс оф Израел“.
Диџарик тврди дека израелските власти продолжуваат да го спречуваат доставувањето на хуманитарна помош низ целиот Појас Газа и дека спречиле осум од 15-те мисии на ОН да транспортираат помош во последните 24 часа, пренесува Танјуг.
„Понатаму, партнерите на ОН соопштија дека минатата недела биле нападнати неколку образовни објекти, кои се користат и како засолништа“, рече Дизарик.