11-месечно момче за прв пат го виде тато без брада, а неговата реакција стана хит (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Единаесетмесечно момче неодамна за прв пат го видело својот татко Мајкл без брада, а неговата мајка ја снимила бесценетата реакција на камера и го објави видеото на ТикТок.

Loading...

За кратко време видеото собра над 8,7 милиони прегледи, а откако ќе го погледнете ќе ви стане јасно зошто.

Имено, некои татковци имаат навика да носат брада на која нивните деца се целосно навикнати.

Кога татковците поради некоја причина се појавуваат без ниту едно влакно на лицето, некои деца плачат или се смеат, додека други гледаат збунето.

Ова момче изгледа не може да поверува дека голобрадиот всушност е неговиот татко, па прво го гледа со големо чудење, а потоа и во мајка си.

За секој случај, момчето дури неколку пати го почувствувало неговото лице за да провери каде наеднаш исчезнала брадата на неговиот татко.

 

@michaelbalderson36♬ original sound – MJB

Loading...