11 малолетници под дејство на алкохол откри полицијата на приватна забава во Куманово

Сподели со своите пријатели

Единаесет малолетници конзумирале алкохол, утврдиле полицијата и инспекциските служби при контрола на приватна забава во Куманово.

– Изминатиот викенд во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 24-годишната М.П.(24) од Куманово и М.В.(41) од с.Љубодраг, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што стои во соопштението, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи извршија контрола во угостителски објект во село Доброшане, кумановско, сопственост на М.П..

– За време на контролата биле затекнати 15 малолетници на приватна прослава организирана од М.В., од кои кај 11 било утврдено дека консумирале алкохол, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германка се обидела да внесе психотропни печурки преку Табановце

По целосно документирање на случајот, од СВР Куманово најавуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски