11-годишник од Куманово крадел во Гостивар

Сподели со своите пријатели

Единаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера во Гостивар под сомнение дека украл производи од продажен објект.

– На 01.09.2025 во 12:30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 11 – годишник од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека околу 10:45 часот одзел повеќе производи од продажен објект во Гостивар.

– Кај него биле пронајдени предметите и вратени на сопственикот. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Спомен Костурница одбележан Денот на македонското востание (ФОТО)

Никола Ивановски