108 лица загинаа во напад врз женско училиште во Иран, утре е ден на жалост

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртви во американско-израелскиот напад врз женското училиште во Минаб на југот на Иран се зголеми на 108, објави вечерва иранската новинска агенција Фарс, додавајќи дека утре ќе биде ден на жалост.

Повикувајќи се на обвинителот на регионот Минаб, бројот на жртви од израелскиот ракетен напад што го погоди женското училиште во Минаб на југот се искачи на 108, а десетици лица се ранети.

Гувернерот на покраината Хормозган, каде што се наоѓа Минаб, прогласи ден на жалост за недела, 1 март, во покраината, објави новинската агенција ИСНА.

Според претходниот биланс, имало повеќе од 60 мртви и 90 повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илјадници Иранци излегоа на улиците во знак на поддршка на властите (ВИДЕО)

Израел и Соединетите Американски Држави го нападнаа Иран рано утрово, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите биле дел од голема операција насочена кон „срамнување со земја на иранската ракетна индустрија“. Иран возврати со ракетни напади врз голем број земји во регионот, првенствено таму каде што има американско присуство.