108 килограми тутун и мотоцикл запленија цариниците на Табановце (фото)
On:
Сподели со своите пријатели
Мобилните царински тимови спречија обид за криумчарење на 134 паковки со лекови и 100 килограми тутун за водено луле, со вкупна вредност од околу 195 илјади денари, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Минатата недела царинските службеници спречија и обид за криумчарење на 108 килограми режан тутун откриени при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот тутун, пронајден во 6 најлонски вреќи, сместени под долниот кревет и на горниот кревет, во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава.
Покрај тоа, во текот на минатата недела, царинските службеници открија и една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани, цигари, облека, памучно предиво, моторцикл, полиетиленска фолија, делови за дигитална вага, баркод печатач и водомери.
Еден моторцикл марка KTM Kros, откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус, што сообраќал на редовна линија меѓу Италија и Македонија, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Моторциклот, расклопен на делови, бил пронајден во три кеси и една торба сместени во багажниот простор на автобусот. Истиот е привремено задржан а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.