108 камиони со храна и брашно влегоа во Газа

Loading...
Сподели со своите пријатели

Израелската агенција за координација на активностите на палестинските територии (COGAT) денес објави дека 108 камиони со хуманитарна помош што превезуваат брашно и храна влегле во Појасот Газа во вторник.

Некои од камионите биле транспортирани до нови места за дистрибуција на помош управувани од Хуманитарната фондација Газа (GHF), која е поддржана од Израел и САД.

Помошта поминала инспекција од страна на израелските власти пред да влезе во Газа преку преминот Керем Шалом, каде што голем број камиони сè уште чекаат, објавува „Тајмс оф Израел“.

Израел ги продолжи испораките на помош во Газа на 19 мај, по пауза од повеќе од два месеци, а оттогаш 1.459 камиони влегле во палестинската енклава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел врати тела на двајца заложници од Газа

Обединетите нации и другите хуманитарни агенции велат дека ова не е доволна помош за 2,1 милиони жители, предупредувајќи на ширењето на гладот ​​во окупираната енклава и критикувајќи ја новата фондација за помош затоа што е контролирана од Израел, објавува „Танјуг“.