Баба (104) од Колумбија доби аплауз и овации од медицинскиот персонал откако по втор пат се опорави од коронавирусот.
Loading...
Кармен Хернандез првпат се здобила со ковид-19 во јуни 2020 година и се лекувала во дом за стари лица во Сан Хозе, каде живее 25 години.
Откако беше вакцинирана во февруари, минатиот месец по втор пат се разболе од коронавирусот и беше примена на интензивна нега.
По 21-дневно лекување и борба против короната, Кармен конечно беше пуштена од болница.