104-годишна баба скокна од авион со падобран и ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дороти Хофнер (104) од Чикаго се надева дека ќе добие сертификат за најстарата личност која некогаш скокнала со падобран откако го оставила својот шетач на земја и направила тандем скок во северниот дел на Илиноис.

Loading...

Годините се само бројка, изјави Дороти Хофнер пред навивачката толпа неколку моменти откако ја допре земјата во неделата, 1 октомври, во Падобранскиот клуб во Чикаго.

Гинисовиот светски рекорд за најстар скокач со падобран беше поставен во мај 2022 година кога 103-годишната Линеа Ингегард Ларсон од Шведска скокна со падобран, но Падобранскиот клуб од Чикаго работи на тоа скокот на Дороти да биде признаен како нов.

Хофнер го направила својот прв скок со падобран кога имала 100 години.

Првиот пат кога скокна со падобран, рече дека морале да ја турнат од авионот. Но, во неделата, врзана за инструктор овластен од Американското здружение за падобранство, Хофнер инсистираше да го води скокот од 4.100 метри.

Таа изгледаше смирено и самоуверено откако авионот беше во воздух, по што излета од авионот, прво со глава и заврши совршено превртување на небото, пред да слета во постојан слободен пад со стомакот свртен кон земјата.

Падот траеше седум минути, вклучувајќи го и бавното спуштање на нејзиниот падобран до земјата.

Кога дошла на земјата, по слетувањето, пријателите ѝ честитале, додека некој ѝ го донел црвениот шетач.

Loading...