Вкупно 102 случаи на грип биле пријавени во текот на изминатата недела (од 19.01 до 25.01) во Куманово, информираат од Институтот за јавно здравје.
Во сезоната 202/2026 досега во Куманово се регистрирани 977 случаи на грип, а најмногу имало токму месецов, односно вкупно 655 случаи.
Најмногу заболени во изминатата недела биле пријавени во Скопје – 526, Струмица – 178, Охрид – 113, Прилеп – 111, Куманово – 102, Тетово – 84, Штип – 78, Кавадарци – 77, Дебар – 67, Битола – 55, Гевгелија – 54, Велес – 42, Радовиш – 32, а во Гостивар, Свети Николе, Кратово, Неготино, Струга, Кочани, Виница, Македонски Брод, Крушево, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Кичево, Крива Паланка и Пехчево, бројот на заболени е помал од 30.
Во цела Македонија во четвртата недела од 2026 година имало 1.708 случаи на грип, што е 17,2 отсто помалку во споредба со претходната недела.
Никола Ивановски

