-
Скоро 80% од површината на Туркменистан е прекриена со пустината Каракум која скоро во целост е ненаселена.
-
Климата во Туркменистан е повеќе од фасцинантна – преку лето температурите надминуваат 50 степени целзиусови, додека во зима се спуштаат под нула и паѓа снег.
-
Во Туркменистан скоро 90% од населението е вработено во државните служби.
-
Земјата е четврта по залихи на природен гас во светот. Сепак и покрај тоа, според податоците од 2004 година дури 60‚ од населнието живее во сиромаштија.
-
Писменоста во Туркменистан кај популацијата над 15 години изнесува 99,7%.
-
Земјата има вкупно 26 аеродроми, што е доста голема бројка со оглед дека државата има 5 милиони жители.
-
Туркменистан е широко познат по своите теписи, па туристите можат да постат и музеј во кој се изложени над илјада теписи од кои некои постари и 200 години.
-
Поради веќе споменатата пустина, земјата е слабо населена, па така густината на населението изнесува само 10 жители на метар квадратен.
-
Во земјата интернет користат само 1,59% од населението.
-
Претседателот на државата од 1990 година до својата смрт во 2006 година бил Сапамурат Нијазов – Туркменбаши, кој бил еден од најексцентричните светски диктатори.
Loading...