10 пожари за два дена изгаснаа кумановските пожарникари
On:
Сподели со своите пријатели
Десет пожари изгаснале кумановските пожарникари во текот на изминатите два дена, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во текот на вчерашниот ден интервенција бележат тројца пожарникари на опожарена сува трева во близина на патарината на автопатот Куманово – Скопје.
Во период од 19:30 до 00:35 часот опожарено стрниште и сува трва гаснеле тројца пожарникари во село Тромеѓа, поточно во месноста Амбар маало. Во истиот период се интервенирало од село Тромеѓа кон Зебрњак и село Слатино, на опожарено стрниште и сува трева.
Стрниште и сува трева гореле и во атарот на селото Војник, каде во период од 19:20 до 23:45 часот интервенирале тројца пожарникари.
Завчера сува трева двајца пожарникари гаснеле и во населбата Бедиње, во период од 15:00 до 15:20 часот.
Сува трева во период од 18:03 до 18:35 часот, четворица пожарникари гаснеле и кај локалитетот Поток Серава.
Стрниште и сува трева гореле во селото Пчиња. Каде тројца вработени од Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале во период од 18:07 до 18:40 часот.
Сува трева завчера горела и во населбата Карпош, каде тројца пожарникари интервенција бележат во период од 18:30 до 19:45 часот.
Во атарот на селото Тромеѓа сува трева и стрниште четрвоцира пожарникари гаснеле со часови, поточно од 18:50 часот до 40 минути по полноќ.
Во период од 20:05 до 20:40 часот пожар имало и кај локалитетот Пчински пат каде горела сува трева. Тројца пожарникари интервенирале во период од 20:05 до 20:40 часот.
Причините за избувнување на пожарите засега се непознати, но се претпоставува дека во најголем дел од случаите станува збор за човечки фактор.