10 милиони бегалци од Украина би можеле да дојдат во Европа

Сподели со своите пријатели

Германскиот експерт за миграција Џералд Кнаус процени дека Европа може да очекува прилив од 10 милиони украински бегалци.

Loading...

„Војната на рускиот претседател Владимир Путин во Чеченија резултираше со протерување на четвртина Чеченци“, изјави Кнаус за медиумската група РНД во саботата.

Европа сега треба да очекува слични бројки.

„Една четвртина од Украинците е еквивалентно на десет милиони луѓе. Со оглед на моменталната динамика на војната, тоа е сосема можно“, објасни Кнаус.

Тој рече дека своите пресметки ги базирал на тоа како Русите ја водат оваа војна.

„За седум дена во ЕУ пристигнаа исто толку луѓе колку во целата војна во Босна и Херцеговина. Оваа брзина покажува дека се соочуваме со најбрзата и најголемата бегалска катастрофа во Европа од Втората светска војна“, рече Кнаус.