10-месечно бебе од Куманово се затруло со лекови

Сподели со своите пријатели

Десетмесечно бебе вчера било донесено во кумановската болница поради труење со лекови.

Loading...

– На 28.07.2025 во 11.40 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 10-месечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител.

– Се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ќе одговара кривично, продавал фалсификувана брендирана облека