Старите Корејци се многу традиционални, па ќе ве осудат ако се бакнувате или прегрнувате на улица.
Јужна Кореја не е обична земја кога станува збор за љубовта. Тие имаат поинаков пристап кон неа.
Loading...
Во продолжение прочитајте неколку љубовни обиачи кои ни доаѓаат од оваа земја.
Тие веруваат дека образованието е на прво место и дека љубовта може да почека, па момчињата и девојчињата често одат во различни училишта. На универзитетите постојат специјални простории каде се среќаваат, на пример, три момчиња од еден факултет и три девојчиња од друг.
Имаат и т.н. „согетинг“, термин кој се користи да означи настан кога ќе го замолите пријателот да ви помогне во организирање на состанок со лице од спротивниот пол.
Имаат голем број празници за вљубени парови и тогаш подаруваат чоколади, лижавчиња и други подароци.
Loading...
Имаат и неофицијален празник за слободните луѓе. „Black day“ е 14. април и тогаш сите кои се сингл се облекуваат во црно и излегуваат во рестораните.
Покрај редовните годишници, во Кореја се слават и секои 100 дена кои парот ги минал заедно од датумот кога се запознале.
Паровите често слично се облекуваат и на секој можен начин се трудат да покажат дека се пар.
Многу парови имаат врска на далечина поради одењето на мажите на служење воен рок кој трае 21 месец на копно и 24 месеци во морнарица, но често раскинуваат во овој период.
Конзервативни се во однос на љубовните врски и најмногу што смеете да направите во јавност, а да не бидете осудени, е да се држите за раце. Прегратките и бакнежите не се дозволени.
Имаат долги врски пред бракот кој обично го склопуваат околу триесеттата година, а заедничкиот живот пред тоа не е дозволен.
Loading...
Постарите се многу конзервативни, па младите Корејци често ги кријат своите врски.