10 килограми сомнителна тревкаста материја откриена во камион на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 08.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, при преглед на автобус „МАН“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј. (42) од селото Равен, гостиварско, мобилен тим на Царинската управа во патна торба пронашол 10 полиетиленски пакувања сомнителна тревкаста материја со вкупна тежина од околу 10кг, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како втор возач на автобусот било лицето Ј.A(45) од село Алиѓерци-Прешево, Република Србија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.