На гробиштата во селото Пчиња се закопани и 25 српски и бугарски кнезови кои дошле да се помират во селото, но биле издадени и убиени од селаните, кои подоцна ги закопале на нивните гробишта.
На 6 април 1941 година група младинци ја уништила воената архива и архивата на даночната управа во Куманово за да не се користи од окупаторот.
Покрај денешното кумановско село Рамно, за време на турското владеење минувале турски каравани кои носеле злато и други стоки. Караваните биле напаѓани од жителите на селото, па Турците налутени од тоа наредиле истото да се „срамни“ со земјата и по тој збор селото го добило името Рамно.
Во 1944 година машината „Американ титл“ била пренесена на територијата на Козјак од страна на Борис Стефановски Боко и Драги Глигориевски. Таму била формирана првата партизанска печатница за потребите на Партизаните. Машината подоцна се користела во „Печатница Куманово“.
Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане го подигнал српскиот крал Милутин. Архитектурата потекнува од 1313 година, а живописот од 1318 кој го работеле истите мајстори кој го работеле и живописот во „Свети Климент“ во Охрид.
Селото Клечовце потекнува од 1389 година. Лежи на устието на Крива река во реката Пчиња. Местото каде сега се наоѓа селото, служело за одмор на каравни кои оделе од Солун за Ниш.
Кумановското село Черкези, до кумановската Железничка станица го формирал народот Черкези, доселеници од Кавказ, поранешен Советски сојуз. По нив селото го добило и денешното име.
Некаде околу 1870 година, Куманово наместо улици имало маала, кои своите имиња најчесто ги добивале според своите жители. Така меѓу нив во тоа време постоеле и Варош маало, Карапско, Орабунар, Пиротско, Мурџир, Махмуд Бегово, Бедињско маало и др.
Во кумановските села во минатото обичај било младите девојки својот мираз да го покажуваат на тој начин што своите носии ги украсуваат со ѓердани направени од златни лири, дукати и слично.
Во кумановскиот крај, освен млинови што работеле со помош на воде, имало и млинови кои работеле со помош на ветерот. Такви ветерници во минатото имало во селото Тромеѓа.