10-годишно дете подметнувало пожари во Грција

Сподели со своите пријатели

Десетгодишно момче е приведено на грчкиот остров Лезбос откако било откриено дека подметнало пожари.

Loading...

Детето признало дека запалило дрвја во областа Агија Киријаки.

Како што пренесуваат грчките медиуми, момчето дало бизарен изговор за своето однесување при сослушувањето.

– Запалив затоа што сакам да гледам пожарникари на дело, изјавило момчето.

Против него е поведена постапка.

Не се знае што се случило со родителите на детето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Урсула фон дер Лајен закажа средба со балканските лидери