Последен пат одводот бил активиран во 2008 година, а ова е прв пат феноменот да биде снимен со дрон.
Дождот во Калифорнија, освен неволји, предизвикал и редок феномен. Имено, поради количината на вода во езерото се активирал одвод познат како „Света Дупка“ (Glory Hole) кој функционира како одвод во када.
Езерото Бериеса во Калифорнија го досегнало највисокото ниво во последните десет години поради обилните дождови кои му предизвикуваат проблеми на локалното население.
Но, освен неволјите, дождот донел и уникатен и прекрасен феномен. Тој го активирал одводот “Glory Hole” кој функционира како одвод во када за да спречи прелевање на езерото.
Последен пат одводот бил активиран во 2008 година, а ова е прв пат феноменот да биде снимен со дрон.
Овој феномен е познат и како „џакузи када“, но во него никој никогаш не се искапал. Прекрасниот и редок феномен секој пат воодушевува со својата единствена и прекрасна појава.
Loading...