10 години Отсек за превенција при СВР Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска го прослави својот 10-годишен јубилеј.

Loading...

Со низа проекти во изминатите 10 години овој отсек работи на превенција на насилството помеѓу младите, надминување на меѓуетничката нетрпеливост, како и превенирање на девијантните процеси со цел намалување на криминалитетот во градот.

Целната група со која постојано работи Отсекот за превенција се образовните институции од градот, чии претставници денеска беа дел од свеченоста по повод јубилејот.

– Превенцијата е сепак приоритет на секое општество, така иво нашата држава да се спречи криминалитетот и други девијантни појави што седеструктивни во општеството. Може да се пофалиме за овие 10 години со сите нашистатистички показатели што ги водиме на месечно и на годишно ниво имаме видни резултати благодарение на соработката со вас и вашите институции и се надевамедека и понатаму ќе  имаме успешна и плодна соработка и ќе правиме заеднички проекти за да имаме подобри услови заживот, рече Стојанче Величковиќ, началник на СВР Куманово.

Loading...

Одличната соработка со Отсекот за превенција ја пофали и Лидија Пешевска, директор на ООУ „Кочо Рацин“ која вели дека секојдневните проблеми мора да бидат под заедничко будно око и на родителите, наставниците иполицијата заедно.

– Да кажам дали се намалува насилството, не би кажала, со модерното живеење, некои нови видови на насилства, нетрпенија меѓу учениците некои случувања секојдневни, ама успеваме и сами да се носиме со службата и со помош на тимот за превенција, така да се уште немаме поригорозни и пострашни случки, но сепак се носиме заедно со нив, тимски кога се работи мора да има успех, изјави Пешевска.

Дел од учениците во основните училишта преку цртежи го претставија реонскиот полицаец, а средношколците од СОУ „Перо Наков“ вечерва потој повод ќе изведат и театарска претстава.

Викендов овој Отсек спроведе и патрола заедно со родителите низ угостителските објекти и јавните места во градот каде се движат малолетните лица.

Loading...

Leave a Reply