10 европски земји за прв пат ја активираа одбранбената клаузула

Сподели со своите пријатели

Десет северноевропски земји кои ги сочинуваат Здружените експедициски сили (ЏЕФ) денеска одлучија да ја активираат „одбранбената клаузула“ која овозможува распоредување на дополнителни воени средства за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море.

Loading...

Овој потег доаѓа по неколку инциденти во северните води.

Повеќе „поморски и воздушни капацитети“ ќе бидат распоредени во срцето на регионот за да помогнат во „заштитата на клучната подводна инфраструктура“, рекоа министрите за одбрана на десет земји, според Euronews.

„Ова е првпат ЏЕФ да ја активира одбранбената клаузула“, изјавија тие, посочувајќи дека нивните активности ќе започнат „на почетокот на декември“.

Фокусирана на оперативната одбрана во Северна Европа, ЏЕФ е коалиција од 10 земји предводени од Обединетото Кралство. Вклучува Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка и Шведска.

Порака до Русија

„Околу дваесет воени бродови ќе бидат распоредени во Балтичкото Море, но и во областите на Северен Атлантик, со цел да се земе предвид безбедносната ситуација и подобро да се заштити клучната подводна инфраструктура“, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон на јавниот канал SVT.

Тој рече дека зајакнувањето на воените сили е неопходно за да се соочиме со „многу сериозна безбедносна ситуација во светот, а особено во нашето соседство“.

„Мораме да можеме да извршиме ваков тип на операција за да ја одбраниме нашата витална инфраструктура, но и да испратиме сигнал до Русија“, додаде Џонсон.

Loading...

Земјите од ЏЕФ се согласија во октомври да ја зајакнат безбедноста во Балтичкото Море, откако финскиот подморски гасовод беше затворен поради истекување предизвикано од „надворешни“ дејства.

Финската полиција на крајот заклучи дека штетата била предизвикана од сидрото на кинескиот трговски брод кој ја напуштил областа.

Во септември 2022 година, цевководите „Северен тек“ што пренесуваа руски гас до Западна Европа преку Балтичкото Море беа уништени, во услови на конфликт со Москва за војната во Украина.