10 европски градови со најмногу туристички атракции

Сподели со своите пријатели

Ова е список на 10 градови каде што знаменитостите се нижеле една по друга и сега ги прават овие места одлични за оние кои сакаат да видат многу, без да поминат многу време на патот.

Loading...

Ако имате само неколку дена да патувате и сакате да посетите што е можно повеќе места, треба да ги изберете градовите кои отсекогаш биле центри на историските случувања.

Париз, Франција

Во француската престолнина има околу 5.800 туристички атракции. Без разлика дали сакате да крстарите по Сена, посетите некој од скоро 300 музеи или едноставно да ѝ се восхитувате на Ајфеловата кула, една од најпосетуваните атракции во светот, Париз е тука за да ги исполни сите желби, што и да спаѓа во вашата област на интерес.

Image by DUOTONE_ from Pixabay

Лондон, Англија

Втор на списокот според бројот на атракции е Лондон, кој има бројни паркови и музеи со убав пејзаж, па затоа е невозможно да се посетат сите само со една посета.

Loading...

Ако сè уште сакате да излезете од градот, местата околу Лондон исто така имаат многу да понудат.

Image by Walkerssk from Pixabay

Барселона, Шпанија

Нешто повеќе од 5.000 атракции, или поточно – 5.079, и не е ни чудо што Барселона има толку многу проблеми со туристите, затоа што тие постојано се враќаат во овој град за да ги посетат најважните, а само оние што дошле со крузери биле 4,4 милиони во 2018 година.

Image by Joaquin Aranoa from Pixabay

Москва, Русија

Loading...

Без разлика дали сакате да го посетите Црвениот плоштад или храмот на Василиј Благословен, или сакате да ги видите глетките споменати во делото на вашиот омилен руски писател, ќе можете да го имате тоа затоа што Москва стана достапна и попривлечна за туристите.

Само љубителите на архитектурата со едно крстарење по реката можат да видат многу.

Image by Evgeny GoTown.ru from Pixabay

Прага, Чешка

Прага е сигурно еден од најубавите градови во Европа, а можно е да се класифицира на скоро секој план, од одличната поврзаност со возот до големите градови, а цените на транспортот се многу прифатливи.

Доколку сте прв пат во Прага не смее да се пропушти Стариот градски плоштад, мостот Чарлс и астрономскиот часовник.

Loading...

Истанбул, Турција

Овој „чувар на портата меѓу истокот и западот“ се најде на шестото место кога е во прашање бројот на туристички атракции.

Само во Истанбул има околу 200 велнес центри и спа-центри, а повеќе од 300 музеи.

Архитектурата на градот е разновидна затоа што била „во рацете“ на Грците, Евреите, Ерменците…

Loading...
Image by Alirıza ÇETİNTÜRK from Pixabay

Рим, Италија

Многумина ќе бидат изненадени што Рим не беше меѓу првите на оваа листа, но „Алфа травел“ смета дека градот има 3.563 атракции.

Лесно е да се заљубите во „Вечниот град“, но немојте да бидете премногу „оптимистички“ затоа што градот презема строги мерки против туристите кои не ја почитуваат историјата и правилата.

Loading...
Image by Nimrod Oren from Pixabay

Мадрид, Шпанија

Околу 700 од 3.491 атракции на Мрдрид се поврзани со ноќни настани и забава. Значи, пред да одите цела ноќ играјќи фламенко со силно шпанско вино, не би било лошо да одморите во удобното сместување, а не заборавајте дека сте во градот каде се наоѓа музејот Прадо.

Image by Marina Caumel from Pixabay

Loading...

Амстердам, Холандија

Амстердам е одличен град за кога посетувате многу места од еднаш. Во овој град можете да ги доживеете најдобрите моменти во животот, но и најлошите, се зависи од тоа каков турист сте и што барате.

Иако кога ќе се спомене Амстердам прво се мисли на легализирана марихуана и проституција, овој град има многу да понуди.

Берлин, Германија

Loading...

Берлин се најде на 10-то место со 3.475 атракции. Никој не може да ги посети сите со само едно доаѓање, освен ако не се пресели во градот.

Ова е еден од градовите на кои луѓето секогаш се враќаат, но за прв пат не го прескокнувајте Берлинскиот ѕид, споменици посветени на холокаустот, но и уникатните германски барови.

Image by Peter Dargatz from Pixabay

Leave a Reply