1.500 полицајци ја обезбедуваат Версајската палата

Сподели со своите пријатели

Версајскиот дворец, кој денеска и утре ќе биде домаќин на неформалниот самит на лидерите на Европската унија (ЕУ), е обезбеден од околу 1.500 полицајци, а од многу граѓани околу замокот е побарано да го ограничат движењето, пишува францускиот весник „Паризиен“.

Градот Версај во околината на Париз не доживеал таква безбедност од собирот на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) во 1982 година во времето на францускиот социјалистички претседател Франсоа Митеран, пишува весникот.

 

Британија: Загрижени сме дека Путин ќе употреби хемиско оружје

 

Самитот во Версај го организира францускиот претседател Емануел Макрон како дел од програмата на француското шестмесечно претседавање со ЕУ.

Според градските власти, сообраќајот ќе биде во прекин за време на самитот, кој официјално започнува попладне, додека пред главниот влез на замокот се поставени шатори кои ќе примат до 1.000 новинари.

Француските медиуми, најавувајќи го самитот, неодамна ја истакнаа важноста од одржување на неформален самит.

 

Се водат жестоки битки околу Киев

 

Версајската палата, дом на познати француски кралеви, беше домаќин на потпишувањето на мировниот договор со кој заврши Првата светска војна во 1919 година.

Француските претседатели го искористија Версај за да бидат домаќини на странски државници и собири, а бидејќи една од главните теми на самитот ќе биде руската инвазија на Украина, медиумите потсетија дека Макрон го угости рускиот претседател Владимир Путин во луксузен замок на крајот на мај 2017 година.