1.096 кривични дела лани во Куманово, безбедносната состојба стабилна

Сподели со своите пријатели

Вкупно 1.096 кривични дела биле регистрирани лани на подрачјето на Општина Куманово, покажува годишниот извештај на Полициската станица од Општа надлежност Куманово.

– Во текот на извештајниот период, односно 2025 година евидентирани се вкупно 1.096 кривични дела, што претставува зголемување од 6,7 отсто во однос на 2024 година кога биле регистрирани 1.027 кривични дела, истакна Томислав Додевски, командир на ПС од ОН Куманово.

Според одговорите на советничките прашања, командирот истакна дека зголемување на бројот на кривични дела е резултат на новото кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, но и поради ефикасноста при откривање на кривичните дела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово игра осминафинале во Купот на Македонија

– Бележиме зголемување во делот на ефикасноста при откривање на сторителите на кривичните дела. Во 2025 година ефикасноста изнесува 43,5% додека во 2024 година била 38,1%. Исто така забележано е зголемување и при вкупната реализација на кривичните дела. Во 2025 година вкупната реализација изнесува 81,3’, додека во 2024 година била 73,7 проценти. Согласно процентот на реализација и ефикасност констатираме дека зголемувањето на бројот на кривични дела се должи на откривачката функција на полицијата, појасни Додевски.

Според структурата на кривични дела, најголем број имало во област ана класичниот криминалитет, вкупно 887, од областа на имотни деликти 410. ВКупно 146 случаи на кривично дело тешка кражба биле регистрирани минатата година, како и 221 случај на тешки кражби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Српски државјанин приведен во Куманово: Ја тепал и се заканувал на својата сопруга

 

 

По однос на приватна тужба, лани биле евидентирани 670 кривични дела, со намалување од 17%. Најголем дел биле во областа оштетување туѓи предмети и кражби.

Командирот на Полициската станица Томислав Додевски вели дека безбедноста состојба била стабилнца.

– Врз основа на утврдената анализа безбедносната состојба на подрачјето на Општина Куманово во текот на 2025 година се оценува како стабилна и задоволителна. Регистрираните настани се во рамки на очекуваното ниво и по истите е постапувано навремено и согласно законските надлежности, потенцираше Додевски.

Годинава предизвиците, според командирот, ќе бидат насочени кон постигнување на планираните резултати согласно определените приоритети според Контролната стратегија на СВР Куманово, воспоставените Републички Оперативни Акции и останати криминалистички истражувања на локално ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пешак тешко повреден во центарот на Куманово откако во него удрило „рено“

– Полициската станица ќе продолжи со преземање на мерки и активности за унапредување на безбедноста и продлабочување на соработката со локалната самоуправа со цел намалување на кривични дела од имотни деликти, подобрување на сообраќајната дисциплина и јакнење на превентивата работа со граѓаните, рече Додевски.

Инаку, Полициската станица од Општа надлежност Куманово има ингеренција во 48 населени места со вкупно 98.104 граѓани и покрива површина од 509 километри квадратни.

Никола Ивановски