1.000 пожарникари се борат со огромен пожар во Франција

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1.000 пожарникари со помош на авиони трет ден во четврток се борат со огромниот шумски пожар во близина на францускиот вински регион Бордо, каде високите температури нема да се спуштат до викендот.

Loading...

Пожарот во регионот Жиронд, еден од неколкуте големи пожари што горат во Франција, принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.

Пожарот уништи повеќе од 10 имоти и изгоре повеќе од 6.800 хектари шума.

„Тоа е чудовиште“, рече Грегори Алионе од здружението на француската противпожарна бригада FNSPF за радиото RTL.

Пожарот во Жиронд е еден од многуте што избувнаа низ Европа ова лето, поттикнат од топлотните бранови со рекордни температури.

Премиерката Елизабет Борн треба подоцна да ја посети областа.

Локалните температури во четврток ќе достигнат до 40 Целзиусови степени и ќе останат високи до сабота, предупредија властите.

Франција ја трпи најголемата суша досега, а четвртиот топлотен бран во летото ја погоди земјата оваа недела.

Loading...

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Германија, Грција, Полска, Романија и Австрија помагаат или ќе и помогнат на Франција во борбата со пожарот во текот на денот.

Тој ја поздрави „европската солидарност“.

„Германија, Грција, Полска и во следните часови Романија и Австрија: нашите партнери и доаѓаат на помош на Франција, која гаси пожари“, напиша Макрон на Твитер.

„Им благодариме. Европската солидарност работи“.