Ѝ влетал во станот, па го претепал погрешниот љубовник: Целиот интернет му се смее на овој маж!

Сподели со своите пријатели

63-годишен маж сериозно повредил друг маж откако влегол во погрешен стан, мислејќи дека тоа е новиот партнер на неговата поранешна девојка, соопшти германската полиција.

Loading...

Во Неурид, во германската сојузна држава Баден-Виртемберг, осомничениот напаѓач синоќа влегол во станот на жртвата што спиела користејќи скали и сериозно го повредил, посочија денеска полицијата во Офенбург и обвинителството.

Напаѓачот потоа побегнал, но полицијата го уапсила утрово во неговата куќа во Хајделберг.

Се чини дека човекот провалил во погрешен стан, изјави полицијата, а според коментарите од социјалните мрежи, овој инцидент насмеа многу луѓе.

Поранешната девојка на осомничениот и нејзиниот нов партнер не биле повредени, а „погрешната жртва“ била пренесена во болница.

Обвинителството и полицијата го обвинуваат осомничениот за убиство во обид.

Leave a Reply