Професорка од Њујорк, која нема медицинска квалификација, била уапсена затоа што наводно му дала вакцина против корона вирусот на ученикот, соопштија властите.
Полицијата наведува дека Лора Русо го вакцинирала ученикот во нејзината куќа, иако немала официјално одобрение да дава вакцини или одобрение од родителите на момчето, пренесува Би-би-си.
Русо (54), која предава биологија, беше уапсена на 31 декември, а доколку биде осудена, се соочува со затворска казна до четири години.
Наводно, 17-годишно момче сакало да ја прими вакцината. Официјалните лица рекле дека родителите на момчето повикале полиција откако тој дошол дома и им кажал што се случило.
Во полициското соопштение се вели дека не е јасно како Русо ја набавил наводната вакцина против Ковид-19, ниту пак се знае кој е производителот.
Во моментов, само вакцината Фајзер е одобрена за деца под 18-годишна возраст.