СВР Куманово излезе со официјални информации за подметнатите пожари (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во временски период од 23:30 до 00:45 часот на 4 локации се опожарени 11 патнички моторни возила на четири локации од засега непознати причини.

Loading...

На улицата „Пионерска“ опожарени се вкупно четири возила и тоа: „Фолксваген голф“ во сопственост на Ѓ.Г. (1977) од Куманово, „Форд Фиеста“ во сопственост на И.Б. (1987), „Опел Астра“ сопственост на И.С. (1980) исто така од Куманово и „Рено Меган“ сопственост на Г.Т. (1977) од Кратово.

DSC_0015

На улицата „Димитрие Туцовиќ“ опожарени се исто така четири возила и тоа:

Голф во сопственост на А.Ш. (1978), „Тико“ во сопственост на Н.П. (1962), „Шевролет Авео“ во сопственост на И.Р. (1969) и „Мерцедес“ во сопственост на на Ѓ.А. (1988) од Куманово.

DSC_0016

На улицата „11-ти Октомври“ во кругот на Општата болница во Куманово опожарени се две моторни возила и тоа: „Матиз“ во сопственост на А.Т. (1975) и „Пежо 807“ во сопственост на Н.Н (1971).

Едно опожарено возило има и пред Хотелот „Кристал“ на ул. „Гоце Делчев“ и тоа марка „Ауди“ во сопственост на Д.М (1975) исто така од Куманово.

Loading...

DSC_0014

Сите возила се гаснати од страна на припадниците на Територијалната против пожарна единица од Куманово пти што поголем дел од нив имаат значителна материјална штета.

DSC_0008

Во изјавата за медиуми, портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска информираше дека полицијата по последниот наведен настан привела осомничено лице и дека се работи на целосно расчистување на случајот, а истото лице е задржано на распит.

Полицијата сеуште врши увиди.