Вчера на вечното почивалиште беше испартен поранешниот прв човек на градот Момчило Јовановски, истакна работник во општествено-политичкиот и стопанскиот живот во Куманово.
Денес во просториите на Општина Куманово во негова чест беше организирана свечена комеморација, на која се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски.
Со неговото заминување остана длабока празнина во сите нас. Семејството зигуби добар сопруг, грижлив родител, сакан дедо и пријател. А сите ние, човек што остави длабока и неизбришлива трага во градот во кој што се роди, во кој што живееше, работеше и вредно го градеше низ годините на својата сестрана ангажираност. Секогаш беше присутен меѓу своите граѓани, на разни собири, на улица, на плоштад. Со секото имаше топол човечки однос, таков го познаваат кумановци уште од најраната младост. Горди сме што го имавме меѓу нас, неговиот лик секогаш ќе остане во трајно сеќавање на сите нас – рече Дамјановски.