Осветени црквите „Свети Спас“ во селата Пчиња и Долно Којнаре (галерија)

Сподели со своите пријатели

Голем број верници вчера присуствуваа на осветувањето на црквите „Свети Спас“ во кумановските села Пчиња и Долно Којнаре, а со целата литургија раководеше кумановско-осоговскиот митрополит Јосиф.

[huge_it_gallery id=”376″]

Овој Божиј храм  е осветен и тоа во многу рекордно време затоа што овие луѓе покажаа дека навистина покрај верата во Бога ја имаат и љубовта кон ближниот, се почитуваат себе си, покажуваат дека можат да се договорат, и затоа нека бидат тие пример и за останатите луѓе кога ќе се соберат за некое добро дело да бидат единствени а не разделени – вели отец Игор Здравсковски.

На двете осветувања присуствуваше и градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, кој инаку е еден од донаторите за изградба на црквата во селото Долно Којнаре, вели дека негувањето на православната вера е најдобар пат за да се врати религијата.

Мислам дека е убав настан како што кажа владиката тоа е нешто кое е за идните генерации, корени на православието, тоа е нешто што ние го прославуваме во овој дел каде една нова населба, каде треба да живее православието, црквата, да ни е свет денот Спасовден, и црквата затоа денеска се осветува. Мислам дека е добар потег на мештаните кои собраа сили, средства го израдија храмот и убаво го уредија, мислам дека е заслуга на месната заедница заедно со кумановската епархија-додаде градоначалникот Дамјановски.

Инаку црквата во селото Долно Којнаре е изградена со парични средства од мештаните и од донаторите.