Според објавата на весникот Љајмпрес, осомничениот за убиството на т.н Командант Шќипоња, Бајрам Лимани, се предал на полицијата вчеранавечер.
Во изјава дадена за АЛСАТ на неколку часа по вооружената престрелка, Лимани изрази жалење, велејќи дека целата бркотница се случила во самоодбрана, кога групата на сега веќе убиениот Командант Шќипоња, физички се судрила со осомничените.
Според исказот, Бајрам Лимани, кој инаку е в.д претседател на Општинската Организација на ДУИ во Куманово, за АЛСАТ обелодени дека во критичниот момент, тој бил на работно место, каде групата на ком. Шќипоња влегла во намера физички да се пресмета со Лимани, и да ги искинат документите и досиејата што тој ги имал пред себе.
– Нè нападнаа со столчиња, со тупаници… Ние бевме принудени да го браниме нашето достоинство и ги извадивме оружјата за да ги заплашиме. Мојот придружник пукаше во воздух за да ги оттргне, но тие не се повлекоа. Тројца го нападнаа него, тројца или четворица мене, и при физичката пресметка можно е да испукано некој куршум од пиштолите. Ние не сторивме ништо намерно. Што се случи, ние не знаеме, бидејќи по неколку минути тепачка, го напуштивме местото на настанот. Настанот е снимен и со камери, значи постојат снимки со кои можат да видат и да утврдат и органите на правдата и јавноста, и во Македонија и надвор од неа, дека многу ни е жал, но ништо не се случи по наша вина и одговорност. Жал ми е за се, со жалење велам, ова го чувствуваме и како наша слаба точка, но верувајте, бевме нападнати на работното место.
На новинарско прашање дали ќе се предадат на органите на правдата, Лимани изјави дека тие не бегаат од одговорност и дека ќе се предадат на полицијата.
Сè што се случи таму, и физичката пресметка, беа во самоодбрана. Повредени сме во делот на лицето, во стомакот, во главата со столчиња и сме раскрвавени. Значи, не сме луѓе што сме нападнале некое лице. Со овие лица никогаш не сме имале проблеми. Овие имаат свои цели кои јас не ги знам, но ние сме бевме на работа, службено во институција, бидејќи партијата е институција.
Бевме најнасилнички нападнати, не само од еден, туку 8, 9 или 10 лица, а таму бевме само ние двајца. Има и сведоци, очевидци кои го видоа настанот. Се обидовме на секој начин да го избегнеме овој инцидент, но верувајте тие не ни оставија никаков друг избор, изјави Лимани по убиството во Куманово, во кое едно лице беше убиено, а двајца завршија со прострелни рани.