Зеленски: Откривме уште две масовни гробници во Изјум

Сподели со своите пријатели

Украина откри уште две масовни гробници со тела на стотици луѓе во североисточниот град Изјум, кој Киев го презеде од Русија овој месец, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Во интервју за Си-Би-Ес, украинскиот лидер повика на континуиран притисок на санкциите врз Русија, објави Ројтерс.

Руските власти сѐ уште не го коментирале последното тврдење на Зеленски за откривање на уште две масовни гробници.

„Денеска добив повеќе информации. Пронајдоа уште две масовни гробници, големи гробници со стотици луѓе. Станува збор за малиот град Изјум“, рече Зеленски.

Тој изјави дека санкциите треба да продолжат, како и дека покрај политичкото ќе имаат и финансиско влијание.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.