Започна кинескиот фестивал на кој се јадат околу 15.000 кучиња

Сподели со своите пријатели

Неодамна започна уште еден Јулин фестивал на кој измеѓу 10.000 и 15.000 кучиња се мачени, убиени и јадени.

Loading...

Фестивалот започнал да се одржува во 2009 година, а Кина, и покрај се, не ја препознава оваа традиција како нешто лошо. Секоја година трае борба овој фестивал да се забрани и досега на петицијата се потпишале околу 1,5 милиони луѓе.

Кина има кампови за „трансформација на мисли“, во нив милион „екстремисти“ (ВИДЕО)

Извршната директорка на здружението „Humane Society International UK“ Клер Бас изјавила дека е време овој десетдневен фестивал засекогаш да се забрани и дека трговијата со месо од кучиња во Кина пред се е криминал.

Јулин фестивалот е еден мал, но многу вознемирувачки пример за лошата трговија со кучешко месо која ја предводат криминалци и крадци користејќи отровни стрелички и јажиња, што е спротивно на здравствените  безбедносни закони за заштита и добробит на животните. Потпишана е петиција која е доставена до Кинеската амбасада со поддршка на разни организации кои се занимаваат со заштита и добробит на живоните за да овој ужасен фестивал се забрани засекогаш.

Откриена втора ГМО бременост во Кина

Директорот на „RSPCA International“ Пол Литифер изјавил дека законите во Кина допрва треба да се менуваат и се надева дека тие промени ќе следуваат наскоро. За организацијата забраната на фестивалот еден од главните причини за соработка со Кина.

Фестивалот трае се до недела, 30 јуни.

Loading...

Image by Moshe Harosh from Pixabay

Leave a Reply